25/04/2024
Охрид

BEST OF STAND UP со Бојан Велевски

За прв пат во големата сала на НУЦК ГРИГОР ПРЛИЧЕВ голем настап на Бојан Велевски во Охрид. Бидејќи е прв, а првиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од 10 години кариера и над 400 настапи “збиен” во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек

-“Со задоволство ја прифатив поканата на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани.”– вели, Бојан.

Настанот е закажан со почеток во 20 часот, на 29.04.2022 година (петок), или веќе познат во Охрид како “ден за театар”. Цената на билетите е стандардна – 200 денари, картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИ ПРОТОКОЛИ!


WebOhrid / 28.04.2022 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид