26/04/2024
Охрид

Бездомник пред охридската Библиотека

Бездомник престојува пред охридската Библиотека, поточно пред поранешната дирекција на фестивалот „Охридско лето“. Расфрлана е храна и отпадоци наоколу кои го нагрдуваат овој простор каде постојано поминуваат голем број граѓани и туристи.

WebOhrid веднаш ги контактираше и информираше службите од Центарот за Социјална работа и Црвениот крст Охрид од каде рекоа дека веднаш ќе излезат на терен.