29/03/2024
Охрид

Библиотека Охрид: И при Ковид-19 ги одбележуваме родендените на роднокрајните автори

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и во услови на Ковид -19, виртуелно ги одбележува родендените на роднокрајните автори.

Во август според евиденцијата на Библиотеката се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго и Славе Николовски – Катин.

И на овој начин преку медиумите и социјалните мрежи ги потсетуваме нашите читатели и оние кои сакаат да се зачленат да ги побараат нивните дела во библиотеката. Преку нивното богато творештво одново ќе му се навратат на Охрид и околината во минатото, а младите генерации ќе можат преку збор ама сликовито да запознаат Охрид од некое друго време.