18/04/2024
Охрид

Биографии на Димитри Вегас и Like Mike, Џакс Џонс, Роџер Санчез и Армин Ван Бурен, легендарните ди – џеи и хаус музичари кои ќе настапат на Оhrid Calling

Биографии на Димитри Вегас и Like Mike, Џакс Џонс, Роџер Санчез и Армин Ван Бурен, легендарните ди – џеи и хаус музичари кои ќе настапат на Оhrid Calling

Dimitri Vegas & Like Mike се познати како домаќини на славниот Tomorrowland фестивал, чии химни редовно ги потпишуваат од 2010-та година, а во моментов се повеќе барани и од најголемите суперѕвезди како што се: Hardwell, Martin Garrix, David Guetta и Calvin Harris.

Нивната популарност најдобро ја опишуваат 40.000 продадени влезници за само 40 минути, за двете од вкупно три распродадени ноќи во белгиската „Спортпале“ арена, надминувајќи ги рекордите кои ги држеа Madonna и U2! По 10-те последователни први места, најголемата онлајн продавница за електронска музика „Битпорт“ ги прогласи за изведувачи на годината, а нивните хитови „Тremor“, „Мamouth“ и снимките од бројните настапи во збир надминуваат милијарда прегледувања на „Јутјуб“ каналот.

Познати и како врвни ремиксери, Dimitri и Mike соработуваа со водечките изведувачи на денешницата како што се Cavin Harris, „The Weeknd“, Justin Bieber, Major Laser. Dimitri Vegas & Like Mike се познати по спектакуларните настапи на најголемите фестивали и арени ширум планетата, со современата продукција која ја карактеризираат визуелни и светлосни ефекти внимателно скроени за нивните еуфорични сетови.

Џакс Џонс, јавноста го запозна со синглот „You don`t know me“ кој молскавично одекна во светската музичка индустрија, се најде на врвот на сите топ листи и за кратко стана и огромен клубски хит.

На годинашните БРИТ награди овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп сензација Demi Lovato, а моментално е актуелен со „Breathe“ која ја освојува светската музичка сцена.

Роџер Санчез е доминиканско – американски ди – џеј со посебен афинитет кон хаус музиката, ремиксер и добитник на греми награда за ремиксот на “Hella Good” во оригинална изведба на No doubt во 2003 година. Освен оваа, добитник е и на три други греми награди за најдобар хаус ди – џеј во 1999, 2002, 2004 и 2008 година, со вкупно 12 номинации.

Армин Ван Бурен е човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието DJ Mag. Зад неговото име се запишани признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.

Радио-шоуто „State of trance“, чиј водител е токму тој, е најслушано радио-шоу во областа на електронската музика, што е уште една потврда за квалитетот на овој Холанѓанец.

Весна Цветаноска