29/03/2024
Македонија

Благодарница за 25-годишната кариера на Jетмир Реџепи

Вчера во Центарот за Култура во Тетово, државниот секретар во Министерството за култура во Република Македонија, Валмир Азири му додели благодарница на истакнатиот пејач на албанска изворна музика Јетмир Реџепи, по повод на 25-годишнината од неговата уметничка кариера за работа и придонес во областа на изворната и народната музика…

На програмата на свеченото затворање на Манифестацијата “Тетово го слави ноември”, учествуваа и К.У.Д “Џеладин Зеќири”, како и гости од Косовскиот национален ансамбл “Шота”, кои на публиката им подарија одлични перформанси.

Освен државниот секретар Азири, присутните ги поздрави и државниот секретар на Министерството за Култура во Република Косово, г.Ветон Фирзи.