25/04/2024
Дебрца

Благодарница за градоначалникот Ногачески за успешната соработка и афирмацијата на активностите на здружението на ветераните во одбраната и безбедноста

На Езерската средба, организирана од Здружението на ветераните во одбраната и безбедноста, огранокот за општините Охрид и Дебрца на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески му врачија благодарница за успешната соработка и афирмацијата на активностите на здружението.

„Благодарам на вниманието. Програмските активности на Здружението секоја година се и ќе бидат преточени и во Годишните програми на општина Дебрца.

Голем дел од нивните активности се имплементираат во славна и слободарска Дебрца и затоа секогаш ќе ја имате мојата и поддршката од советот на општина Дебрца“. – изјави Ногачески.