19/04/2024
Дебрца

Благодарност од градоначалникот Ногачески до сите кои помогнаа во гаснењето на пожарот во Велмеј

„Пожарот во атарот на село Велмеј е изгаснат.

Сакам да изразам голема благодарност до сите кои активно или на друг начин се вклучија во гаснењето на истиот, а особено до:

  • вработените во Национални шуми Охрид, кои сите денови активно дејствуваа на терен,
  • вработените во ТППЕ-Охрид, дел од јавните претпријатија во општина Охрид и јавното комунално претпријатие Дебрца,
  • месното население и црковниот одбор,
  • Дирекцијата за заштита и спасување, која на мое барање на два пати одобри користење на два ер трактори за гаснење од воздух,
  • Центарот за управување со кризи и други чинители.

Пожарот остави несакани последици, но добро е што во ниту еден момент не беше загрозен животот на лицата активно вклучени во гаснењето, ниту беше непосредно загрозен животот и имотот на месното население.“ – истакна градоначалникот Зоран Ногачески.