24/04/2024
Македонија

Бочварски: Пописот има значајна улога во планирањето и развојот на општините и државата

Пописот е многу значајна статистичка операција кој има огромно влијание врз урбанизација и сите идни планирања во сите региони низ дражавата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Ресен. 

“Прашањето на пописот е многу значајно заради урбанизцијата и идните планирања во сите региони низ државата. Демографските податоци, карактеристики и параметри даваат значајна улога во планирањето на идниот развој на државата и градовите, инфраструктурата, проткот на возила и за развој на генералните и деталните урбанистички планови”, изјави министерот за транспорт и врски Благој  Бочварски. 

Тој ги повика граѓаните на Преспа да се попишат во предвидениот период и нагаласи дека точните демографски податоци имаат значајна улога во развојот на општина Ресен и генерално на државата.