16/04/2024
Охрид

Богат асортиман на саден материјал во Расадникот

Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. ЈП „Охридски Комуналец” Охрид преку Секторот за паркови и зеленило врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни рашенија на приватни паркови и одржување на дворни места.

Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Расадникот располага со најрозновидни садници од овој цветен материјал со најразличен колорит.

Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на „Хидробиолошки Завод” каде ќе се запознаат со целиот саден асортиман со кој располага.