14/12/2024
Дебрца

Борова шума во форма на петокрака

WebOhrid откри борова шума која формира петокрака. „Петокраката“ се наоѓа на планината над селото Мешеишта, веднаш под врвот Стојанец кој е со 1300 метри надморска височина.

Шумата е засадена на почетокот од 50-тите години. Повозрасните жители од околните села кои учествувале во акцијата за пошумување не се сеќаваат како точно настанала оваа петокрака.

Во секој случај, местото е идеално за планинарење, покрај прекрасниот поглед кон Охридско-Струшката котлина, љубителите на природата можат да уживаат од разновидноста на флората и фауната на овие предели. Има голем број можности за посети и користење на оваа локација, тргнувајќи од обични прошетки, кампување со шатори, организирање на трки во планински велосипедизам, лов и.т.н.

WebOhrid се обрати до „Македонски Шуми“ подружница „Галичица“ – Охрид, од каде што истакнаа дека воопшто нема да претставува проблем заштитата на ова место, а со цел за да се спречи евентуалното идно сечење на оваа борова шума, како што е случај со дабовата шума околу ова место. Оттаму велат дека потребно е само да се достави барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

www.google.com/maps/preview

WebOhrid