20/04/2024
Македонија

Божик 7 јануари (петок) е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2022 година (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.