19/04/2024
Струга

Божиќна честитка на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник, Рождество Христово-Божиќ и им посакува на сите граѓани, овие празнични денови да ги поминат во мир, радост, среќа и благосостојба.

„Да ги следиме традиционалните христијански вредности, а тоа се: хуманост, љубов и толеранција кон нашите најблиски, кон нашите пријатели и сограѓани. Светлината на Христовото раѓање нека ни биде водилка и патоказ кон среќата и успехот во животот. Нека ни дава сила да издржиме во овие тешки времиња и да ја сочуваме нашата татковина, во добро здравје и успех за сите нас.

Нека ни е честит и вековит празникот Рождество Христово-Божиќ и за многу години!

Христос се роди!“-стои во честитката.