19/04/2024
Охрид

Божиќна честитка од ОО на СДСМ Охрид

Божиќна честитка на ОО на СДСМ Охрид до припадниците на православната христијанска вероисповед. Во неа стои:

„Драги сограѓани, православни христијани,

Нема поубава вест во православието, од веста за Христовото раѓање. Нема поубава вест од веста за раѓањето на Спасителот на човештвото кон чии идеали благонаклоно треба да тежнееме. Овие празнични денови се денови во кои секоја куќа се исполнува со мирот божји, денови во кои еден на друг подаваме рака.

Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија од Охрид, ви посакува овие прекрасни празнични мигови да ги поминете заедно со вашите најблиски, со вашите семејства и заедно да ја дочекате веста за Христовото раѓање. Нека овој Божиќ донесе спокој во секој дом, во секое семејство. Нека е Честит Божиќ и раѓањето Христово.“-стои во честитката.