07/12/2024
Охрид

Божиќно капење кај Лагадин

Денес, попладнево (07.01.2023) година, две лица се избањаа во водите во Охридското Езеро, поточно кај плажата Лагадин.

Којзнае, можеби ги намами убавото сончево време или пак можеби сакаа токму на овој голем христијански ден Рождество Христово – Божиќ, да влезат во водите на Езерото и да се избањаат за здравје. Причината никој не ја знае, освен тие самите!

Како и да е, очигледна беше пријатната температура за овие две лица кои уживаа во капењето! Нека им е наздравје!


WebOhrid / 07.01.2023