25/04/2024
Охрид

Божиновски: Кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а по поразот следи одговорност за СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на Градскиот плоштад во Охрид, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„За ВМРО-ДПМНЕ нема цена ниту еден изгубен човечки живот и не постои цена за која ќе ги ризикуваме животите на нашите граѓани.

Власта на СДСМ треба да си оди што побрзо затоа што нема ниту план, ниту стратегија и не може да се справи со економската, здравствената и безбедносната криза во Македонија.

Наместо проекти за Охрид и Македонија, ние гледаме безредие, урбано дивеење, економски колапс и хаос на секое поле. Се врши пренамена на средства од капиталните инвестиции во пари кои на СДСМ им служат за предизборен поткуп.

Граѓаните се препуштени самите на себе, а бројката на заболени од коронавирусот во Охрид секојдневно се зголемува. Македонија секојдневно брои трицифрени бројки на заразени граѓани и за жал починати граѓани.

Престанете да влевате страв и да го туркате народот ставајќи го во ризик нивниот живот.

Дали имате грам совест затоа што рушиме рекорди по заболени луѓе и луѓе кои ги губат своите животи?

Зошто не помислувате за луѓето со хронични заболувања и ризичните групи граѓани над 65 години?

Дали свесно сакате мала излезност барајќи ја сламката за спас да избегате од одговорност?

СДСМ се плаши од голема излезност и казна од народот. Затоа е потребно да се изработат протоколи на гласање, избирачкиот список да се прочисти и само тогаш кога ќе биде присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во Македонија може да зборуваме за фер и демократски избори.

Да се оди на избори само тогаш кога ќе се обезбеди тоа и има стабилизација на состојбата, а не како новата нормалност на СДСМ.

Кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а по поразот следи одговорност за СДСМ.

Граѓаните ќе ги казнат СДСМ за сите предавства, понижувања и лаги.“ – истакна Божиновски.