28/03/2024
Охрид

Божиновски: Охриѓани немаат кратка меморија, па да го потсетиме Георгиески на неговите нула реализирани капитални проекти

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот и кандидат за советник во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски.

„ЌЕ Георгиески соочен со својот крај ветува сè и сешто, но тоа кај охриѓани веќе не поминува.

Охриѓани немаат кратка меморија, па да го потсетиме Георгиески на неговите предизборни лаги и нула реализирани капитални проекти.

Доколку не сме во право, уште веднаш Георгиески да ни покаже каде е новиот здравствен дом.

До каде е изградбата на нов спортски комплекс?

Каде се четирите нови училишни спортски сали и новите спортски игралишта?

Уште колку пати ќе ветува нов лик на плоштадите „Крушевска Република“ и „Свети Климент Охридски“?

Што се случи со депонијата Буково, ја затвори ли според препораките на УНЕСКО?

До каде е изградбата на фабрика за отпад?

Ни трага, ни глас од гасификацијата на Охрид.

Нека ги извади розовите наочари и нека каже каде се новите катни гаражи што ги ветуваше!

Ветувањата на Власта веќе немаат ниту сила, ниту моќ.

Листата на лаги на ЌЕ Георгиески е преголема за може да собере сè на едно место!

Не сме исти! Гарантираме проекти, а делата зборуваат за тоа!

Охриѓани има да стават крај на владеењето на СДСМ и Георгиески.

Масовно со својот глас на 15 октомври ќевреме е за промени, проекти, победи!

Заокружи 7 за подобар Охрид!“, истакна Божиновски.