25/04/2024
Охрид

Божиновски: Со последните неуспеси во образованието наставниците стануваат жртви на неуспешните реформи

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот и кандидат за советник во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски.

„Со искрена благодарност го честитаме 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот.

Просветните работници се мотивирачка сила, заедничка гордост, херои на ова време.

Најблагородната професија учител е исправена пред големи предизвици затоа што со последните неуспеси во образованието наставниците стануваат жртви на неуспешните реформи.

Затоа ГАРАНТИРАМЕ мерки и проекти во насока на модернизирање на образованието. Нашиот фокус е вложување во квалитетно образование приспособено за потребите на пазарот на трудот.

Континуирани инвестиции во образованието, осовременувањето на методологијата и наставните помагала за модерно и современо образование за сите млади.

Гарантираме ИЗГРАДБА НА НОВО МОДЕРНО И СОВРЕМЕНО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ обезбедено со дидактички, нагледни средства и техничка опрема потребни за реализација на модерна и квалитетна настава со цел унапредување на воспитно-образовниот процес. Училиште по сите стандарди и нормативи и настава во една смена.

Се обврзуваме на изградба на УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ во Лескоец за потребите на жителите, за здравиот развој на младите, вистинска придобивка за спортските клубови.

Стипендии за најдобрите ученици и студенти со цел нивна мотивација и поддршка.

Отворање реални компани во средните стручни училишта.

Да бидеме двигатели на убавото, позитивното и доброто кај човекот. Ние тој човек го градиме, учествуваме во создавањето на општеството и создаваме нова и светла иднина.

Заокружи 7 за Модерно и современо образование!

7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков, и ВМРО-ДМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“. – истакна Божиновски.