20/04/2024
Охрид

Божиновски: Спротивно на законите Георгиески продолжува со предизборни активности

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат. Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности.

Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата?

Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува начелото на демократски принципи на функционирање на изборниот процес?

Државната изборна комисија апелираше, Георгиески и СДСМ одат спротивно на тоа.

Георгиески веќе неколку денови е во придружба на партиски членови на СДСМ на јавни настани што е доказ дека Георгиески на настаните е присутен по партиска агенда. Ова е флагрантно кршење и непочитувње на законите.

Државната изборна комисија не смее да го толерира ваквото однесување на Георгиески и мора да го санкционира.

Ги потсетуваме претставниците на ОБСЕ да го имаат предвид кршењето на одредбите на Изборниот законик и нарушувањето на демократските процеси.

Георгиески ја потценува интелигенцијата на охриѓани. Наместо да води предизборна кампања што е спротивно на законот треба да понесе одговорност за неспособноста за правилно менаџирање на Општината и Јавните претпријатија.

СДСМ и Константин Георгиески се кочницата за развојот на Охрид. Ветија многу работи, а не направија. Што побрзо си заминат од власт, а брзо ќе си заминат, тоа подобро за Охрид и охриѓани.“ – истакна Божиновски.