Божиновски: Урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот и кандидат за советник во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски.

„Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, но урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, односно урбанизацијата мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на неговата архитектонска препознатливост и посебност признаени од УНЕСКО. Во насока на правилна урбанизација се обврзуваме и гарантираме спроведување на следните проекти:

ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СИТЕ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И ДОНЕСУВАЊЕ НОВИ ЗА СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА КАДЕ ШТО ДО СЕГА НЕМА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА.

ДОНЕСУВАЊЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА НОВА НАСЕЛБА НАМЕНЕТА ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ, ВО КОЈА ЌЕ ИМА ПАРЦЕЛИ СО ПОДОСТАПНИ УСЛОВИ – проектот е во насока на стопирање на иселувањето од Охрид, преку креирање подобри услови за живот на младите брачни парови.

РЕШАВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ ЗА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ ПОДНЕСЕНИ ВО 2011, 2015 и 2016 ГОДИНА.

ИЗРАБОТКА НА СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА ЗА ЗАШТИТЕНОТО ГРАДСКО ЈАДРО И СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА ЗА ЛЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ.

ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ СВЕТЛЕЧКИ РЕКЛАМИ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ И ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ УНИФИЦИРАНИ.

ИДЕЈНО И ИНТЕГРАЛНО УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ КАСАРНАТА.

ИЗГРАДБА НА СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ НА ПОТЕГОТ КАЈ КАСАРНАТА.

ИЗРАБОТКА НА ПРОГРАМА ЗА УРБАНА ОПРЕМА.

УРЕДУВАЊЕ НА БУЛЕВАР „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ – УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНАТА ЗОНА НА БУЛЕВАРОТ.

ИЗГРАДБА НА КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР за развој на конгресниот туризам како и можност за целогодишен туризам, а со тоа и зголемен број на ноќевања и туристи во градот. воопшто, унапредување на туристичкиот развој.

ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕ ВИДИКОВЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД.

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција за „Обнова на Македонија“.“ – истакна Божиновски.