Брестовац не е повеќе селектор на македонската ракометна репрезентација

Ракометната Федерација на Македонија jа известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот Данило Брестовац, денес (26 јануари 2021), взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.