28/03/2024
Македонија

Брифинг за борбената готовност на АРМ за 2017 година

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска беше информиран за борбената готовност на Армијата на Република Македонија од страна на Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на Началникот на Генералштабот на АРМ кон Претседателот на Република Македонија.

Претседателот Иванов беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во АРМ во изминатата година врз основа на извршената целосна и објективна анализа на Генералштабот за 2017 година, факторите и елементите кои влијаат на борбената готовност на АРМ, како и предлози и мерки за подобрување на степенот на борбената готовност на АРМ на повисоко рамниште во 2018 година.

На брифингот беа опфатени клучните функционални области кои влијаат на борбената готовност.

На брифингот генерал-потполковник Величковски посочи на клучните задачи и проекти кои ја одбележаа измината, јубилејна година за АРМ. Исто така, беа посочени приоритетите и мерките кои треба да се превземат во следната 2018 година.

На брифингот беше заклучено дека и покрај објективните потешкотии и ограничени расположиви ресурси, АРМ успешно ја извршуваше својата мисија и сите поставени задачи, при што борбената готовност со големи напори и залагање на персоналот беше на потребното рамниште.a