29/03/2024
Охрид

Британски искуства во справувањето со бездомните кучиња

Во рамките на реализација на Планот и програмата  за контрола на популацијата на бездомните кучиња, што ја донесе општина Охрид, денеска започнаа неколкудневните предавања и обуки кои ги држи Брајан Фокнер, претставник на Кралската асоцијација  за превентива  на суровоста кон животните од Велика Британија.

Денешните предавања и показни вежби на кои присуствуваа претставници на Локалната самоуправа, ЈП „Охридски комуналец“ кој ја имплементира програмата и претставници на невладиниот сектор, беа посветени на препознавање на карактеристиките на бездомните кучиња и техниките и методите на нивно заловување.

Во следните три дена се предвидува да има практична обука на терен, посета на прифатилиштето за бездомни кучиња и пренесување позитивни практики во неговото управување. Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, во четврток предвидено е со третооделенците  од ОУ „Климент Охридски“  да се одржи  работилница чија  чел е да се покаже како  децата од рана возраст треба да бидат едуцирани за проблемот со бездомните кучиња и неговото решавање.