29/03/2024
Охрид

Бројни акции за чистење во Охрид и приградските населби

Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со опсежни акции за чистење, како во градот така и во приградските населби.

Веднаш по одржувањето на синоќешниот митинг на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, дежурните служби пристапија кон расчистување на плоштадот, тревните површини и пристапните патеки од расфрланиот отпад и враќање во првобитна состојба.

Се продолжува и со акциите за генерално чистење на приградските населби и опфатени се селата: Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Сирула и Вапила. Расчистен е расфрланиот комунален отпад, машински се расчистени дивите мини-депонии, извршени се повеќе хортикултурни зафати и извршено е миење со цистерна.

с.Горно и Долно Лакочереј
с.Косел, с.Сирула и с.Вапила

Во с.Косел хортикултурно е уреден дворот околу основното училиште и игралиштето.