18/04/2024
Охрид

Бројни активности на ЈП „Билјанини Извори“

ЈП Билјанини Извори во изминатите две недели во рамките на своите можности се посвети кон подобрување на условите кои ги нуди Спортската сала “Билјанини Извори” се со цел да овозможи достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци.

Санацијата на паркетот, новата записничка маса, новите мрежи за головите за ракомет и мал фудбал, освежувањето на боите на паркетот и sидовите покрај теренот се само дел од активностите кои беа реализирани, информираат од претпријатието.