Бројни охриѓанчиња со коледарската песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање

Традиционално и годинава во Охрид, денес, на празникот Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ се одржа Бадниковата поворка со која се најавува Христовото раѓање.

Денес од црквата „Св. Георги“ во „Горна Влашка Мала“ над 700 деца ја започнаа Бадниковата поворка. Пеејќи ја возобновената старо христијанска песна „Вечниот Бог“ тие се движеа по улиците „Јане Сандански“ и „Туристичка“ и низ охридската чаршија. Околу пладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај божиќната пештера, децата ги пречека градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, кој ги дарува со божиќни пакетчиња.

Бадниковата поворка во Охрид која се одржува седма година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржана од Локалната самоуправа.

Втора година по ред Бадникова поворка се одржа и во селото Велгошти. И таму дечињата ги пречека градоначалникот Георгиески, кој ги дарува со божиќни пакетчиња.

WebOhrid