29/03/2024
Македонија

Царината заплени екслузивен накит во вредност од околу 450 илјади евра

На 18 декември 2018 година, во царинската испостава Аеродром Скопје – патнички промет, на влез во Република Македонија при детален преглед на рачниот багаж на турски државјанин, во патната торба, царинските службеници пронајдоа непријавена стока – златен накит.

Запленетиот накит е од бело злато во комбинација со голем број на брилијанти, кој според наодот од страна на судски вештак, е квалификуван како ексклузивен златен накит со продажна вредност од околу 450 илјади евра.

Против осомниченото лице од страна на Царинската управа поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“ казниво по член 278 став 1 и став 8 од Кривичниот законик, а од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Во врска со случајот Царинската управа соработува и со други царински администрации во регионот и пошироко, со цел обезбедување на дополнителни информации за индициите кои произлегоа од фактите утврдени во досегашната истрага, а кои наведуваат на сомнение дека осомниченото лице можеби делувало и во други земји освен во Република Македонија.