25/04/2024
Македонија

Царинската управа и македонско турска стопанска комора одржаа работилница за актуелни царински теми

На 16 октомври 2018 година во Скопје, Царинската управа на Република Македонија и Македонско турска стопанска комора (МАТТО) одржаа работилница на која беа презентирани актуелни теми и новитети од областа на царинското работење.

Присутните стопанственици, членки на Македонско турската стопанска комора, имаа можност подетално да се запознаат со Имплементацијата на Протоколот 2 (за поттекло) кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Макдонија и Република Турција, значењето и бенефитите од концептот на Овластен економски оператор. Исто така презентирани беа измените на Царинскиот закон во делот на прекршочните одредби, како и актуелните случувања во врска со воведувањето на заеднички прекугранични контроли на царинските органи на Република Македонија и Република Србија. 

На настанот се обрати директорот на Царинската управа  Ѓоко Танасоски, кој ги поздрави активностите на Македонско-турската стопанска комора за збогатување на соработка помеѓу двете земји на економски план и истакна дека благодарение на добрата соработка многу компании членки на комората ги уживаат погодностите на поедноставените царински постапки.

Царинската управа на Република Македонија и во иднина ќе продолжи да одржува средби од ваков вид на кои ќе информира за сите нови случувања и реформски промени, но и со цел да одговори на сите отворени прашања од доменот на царинското работење.