29/03/2024
Македонија

Царовска-Бабиќ: Македонија и БИХ може да разменуваат искуства во делот на социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Р. Македонија, Лепа Бабиќ. На состанокот тема на разговор беше унапредувањето на соработката  меѓу двете земји, но и во целиот регион, на правата од социјалната заштита, како и инклузија на лицата со попреченост и со ретки болести.

„Македонија и Босна и Херцеговина, може да разменуваат искуства за различни сфери од секторот социјална заштита и со тоа меѓусебно да се подджуваат и да си помагаат. Такви иницијативи веќе постојат за црпење на искуства за центрите за активно стареење кои во БиХ веќе подолго време одлично функционираат“, истакна министерката Царовска на состанокот.

Амбасадорката Бабиќ, најави дека ќе иницира потпишување на меморандум за соработка во делот на социјалната заштита, кој треба да придонесе за олеснување и зајакнување на комуникацијата и соработката меѓу институциите и експертите од двете држави.