24/07/2024
Македонија

Царовска на Регионална конференција посветена на Ромите во Тирана

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во Тирана учествува на конференцијата на која се разговара за потребите и приоритетите поврзани со пополнувањето на буџетските дупки во политиките за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција организирана во рамки на Акцискиот тим за проектот „Интеграција на Ромите 2020“ (РИ2020) на Советот за регионална соработка (РЦЦ).

Воведни излагања на Конференцијата имаа генералниот секретар на РЦЦ, Горан Свилановиќ, министерката за здравство и социјална заштита на Албанија Огерта Манатрилиу, министеркат за труд и социјална политика на Македонија Мила Царовска, државниот секретар во кабинетот на потпретседателот на српската Влада Ненад Иванишевиќ, заменик министерот за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина Предраг Јовиќ, заменик министерот за финансии на Косово Мустафа Граинца и шефот на Одделот за правда, внатрешни работи и реформа на јавната администрација во Делегацијата на Европската унија во Албанија Стивен Сторк.

Главната цел на конференцијата е да се создаде соодветен форум во чии рамки земјите учеснички и донаторите ќе разговараат за потребите и приоритетите на интеграцијата на Ромите, посебно во областа на вработувањето и станбеното згрижување. Во своето излагање министерката Царовска се осврна на целите на Република Македонија за интеграција на Ромите кои се прикажани преку конкретни проекти и буџетски сретства.

Таа инфоирмираше дека од 2009 година за прв пат се пристапи кон одвојување на посебна ставка во ресорните Министерства за поддршка на развојот на Ромите и реализација на Националните акциски планови.

Четирите главни ресорни министерства (образование, вработување, домување и здравство) располагаат во рамките на целокупниот буџет со посебна ставка за Ромите, кои што се наменети за подршка и реализаицја на конкретни проекти.

Имајќи во предвид дека токму според меѓународни извештаи Република Македонија има помалку транспарентен буџет, оваа година за прв пат Владата на РМ пред самиот процес на планирање и усвојување на буџетот органзира јавни дебати со екпертската јавност и граѓаните – за да се има увид токму во процесот на распределбата на приходната и расходната страна на буџетот.

И останатите предизвици се поврзани со недоволните средства алоцирани за проектите, и токму затоа Владата на РМ си постави цел да ги мобилизира сите меѓународни ресурси за остварување на приоритетите. ИПА инструментот е еден од нив, но и поддршка за целокупниот процес на подобрување на состојбата на ромската заедница.

Па така, ИПА 2 програмата предвидува пилотирање на сет на услуги и мерки за вработување на Ромите, поддршка на механизми и практики за вклучување на ромските деца во задолжителното образование, но и намалувањето на сиромаштијата, како и поттикнување на социјалното вклучување на ромската популација и подобрување на условите за живеење во населените места со Роми.

На маргините на Конференцијата министерката Царовска оствари повеќе средби со своите колеги од регионот.