20/04/2024
Македонија

Царовска: Сите заедно да го вложиме максимумот во решавањето на социјалните проблеми

На второто издание на Форумот на добри компани, насловен како „Партнерства за општествен импакт“, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска имаше видео јавување во кое го нагласи следново:

„За искоренување на сиромаштијата и намалување на социјалните ризици клучно е да имаме партнерство меѓу бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и институциите кои што им служат на граѓаните. Потребно е сите заедно да го вложиме максимумот во надминувањето на овие проблеми. Ако во нашето општество имаме помалку исклучени лица – сите заедно би биле посреќни.“

Министерката Царовска посочи три области, каде што поддршката од бизнис секторот би била добредојдена и корисна: деинституционализација и интеграција, живеалишта за децата од улица и центри за бездомници. Шефицата на кабинет на министерката, Санела Шкријељ и специјалниот советник за социјална заштита, Душан Томшиќ, на Форумот подетално ги објаснија можностите за вклучување на бизнис заедницата во поддршка на овие проекти.

Ова е второ издание на овој Форум, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија,Европската банка за обнова и развој, со Агенцијата „Холистик“ и со „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“. Целта на Форумот е вмрежување на искуствата и градење партнерства меѓу институциите, бизнисите и граѓанскиот сектор.

https://www.youtube.com/watch?v=47z0rsxYmKg