12/05/2026
ОхридПисма/Колумни

Чекоштина Урбан: Алтанин мост е во критична состојба

Здружението „Чекоштина Урбан“ од Охрид испрати допис до медиумите во кој укажува на загрижувачката состојба со Алтанин мост. Според нив, Алтаниниот мост сè повеќе се оштетува и претставува ризик за безбедноста на граѓаните, особено во услови на поголеми води.

Во соопштението се наведува дека Здружението во изминатиот период повеќепати реагирало и доставувало дописи до надлежните институции, но досега не е преземена конкретна активност за санација.

„Алтаниниот мост е единствена врска за голем број жители и минувачи. Сегашната состојба носи сериозен ризик за здравјето и животот на граѓаните. Со ова соопштение сакаме да ја информираме јавноста и да ја поттикнеме свеста за значењето на навремена интервенција,“ – стои во дописот.