29/03/2024
МакедонијаРегион/Свет

Целосно помрачување на Месечината на 27 јули

Жителите на Балканот, вечерта на 27 јули, ќе имаат можност да го набљудуваат целосното помрачување на Месечината. При идеални метеоролошки услови, односно доколку биде ведро, оваа појава ќе може да се набљудува со голо око.

Во Македонија помрачувањето ќе започне во 19:14 часот, но ќе биде видливо дури по зајдисонце. Целосното (тотално) затемнување ќе започне во 21:30 часот, максималната точка на затемнувањето ќе биде во 22:21 часот, а ќе биде видливо се до 23:13 часот.

Ова помрачување на Месечината ќе биде видливо од Австралија, Азија, Африка, Европа и Јужна Америка. Целосното помрачување ќе трае 103 минути, што претставува најдолго помрачување во 21 век.

WebOhrid / Image Credit: NASA Ames Research Center/Brian Day