19/04/2024
Охрид

Цената за паркирање во Премиум зоната останува иста до крајот на февруари

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека до крајот на февруари во Премиум зоната паркирањето останува 30 денари за час.

Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид вчера ја измени и продолжи одлуката за цената на паркирање во Премиум зоната во Охрид.

Претходната одлука важеше до денеска, а со ново усвоената одлука паркирањето во центарот на Охрид во Премиум зона со која стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ и натаму ќе чини 30 денари час и ќе важи до 28 февруари, 2021 година.