28/03/2024
ДебрцаОхрид

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 13 до 19 јуни)

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 13 до 19 јуни 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 239 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 87 лица, во општина Струга и Вевчани 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 49 лицa.

– Од вкупно земените материјали, 118 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 47, Дебар и Центар Жупа 49), а 121 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 65, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 0)

Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 37 лица, од општина Струга кај 32 лица, а од општина Дебар кај 6 лица.

Во Охрид има 47 пациенти на домашно лекување и 4 хоспитализирани, а во Струга 38 пациенти се на домашно лекување и 5 хоспитализирани.

Активни случаи во Охрид се 77, во Струга 70, а во Дебар 11.

Оздравени има 1 лице во Струга и 1 лице во Дебар

Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 2 лица од општина Струга.

Изминатата седмица е извршено посебно скрининг тестирање на вкупно 197 вработени во детските градинки и тоа во Охрид 50 лица, Струга 70 лица, Вевчани 8 лица и Дебар 69 лица, при што од анализираните материјали лабораториски е дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19 само кај 2 вработени во детска градинка во Струга.

Од почетокот на епидемијата до 19 јуни 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 308 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 96 лица во општина Охрид и Дебрца, 149 лице во општина Струга и Вевчани и 63 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 54, а од Дебар и Центар Жупа се 48 пациенти

-Од општина Охрид и Дебрца има 2 починати пациенти, од општина Струга се починати 25, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!