28/03/2024
ДебрцаОхридСтруга

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 21 до 27 ноември)

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини, на кои делува Центар за јавно здравје Охрид.

За период од 21 до 27 ноември 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 251 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје

Од вкупно земените материјали, 107 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 144 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 436 лица и тоа кај 221 лица од општина Охрид, кај 181 лица од општина Струга и кај 34 лица од општина Дебар.

Во овој период оздравени се 176 лица од Охрид, 115 лице од Струга и 25 лица од Дебар.

Во овој период починати се 3 лица од Охрид, 3 лица од општина Струга и 2 лице од општина Дебар.

Активни случаи на 27.11.2020 г. во Охрид се 614, во Струга 427, а во Дебар 91.

Од почетокот на епидемијата до 27 ноември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 3405 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1551 лица во општина Охрид и Дебрца, 1399 лица во општина Струга и Вевчани и 455 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 949, од Струга се 898, а од Дебар и Центар Жупа се 341 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 52 починати пациенти, од општина Струга се починати 88, а од Дебар и Центар Жупа се починати 21 лица

Дозволете да нагласиме дека во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– БРОЈОТ НА КОНТАКТИ ДА СЕ СВЕДЕ НА МИНИМУМ

Бидете одговорни!