Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 30 мај до 5 јуни)

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 30 мај до 05 јуни 2020 г.

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 96 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 50 лица, во општина Струга и Вевчани 42 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 4 лицa.

– Од вкупно земените материјали, 53 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 40, Струга и Вевчани 11, Дебар и Центар Жупа 2), а 43 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 10, Струга и Вевчани 31, Дебар и Центар Жупа 2)

– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 3 лица, од општина Струга кај 12 лица, а од општина Дебар кај 1 лице

– Во Охрид има 2 пациент на домашно лекување и 3 хоспитализирани, а во Струга 3 пациенти се на домашно лекување и 9 хоспитализирани.

– Активни случаи во Охрид се 8, во Струга 20, а во Дебар 1.

– Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 36 лица, во Струга се 63 лица

– Во овој период починати се 2 лице од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до денес, 06 јуни 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 168 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 25 лица во општина Охрид и Дебрца, 91 лице во општина Струга и 52 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 18, од Струга се 52, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти

-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебрца, од општина Струга се починати 20, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миењедезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!