28/03/2024
ДебрцаОхридСтруга

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 5 до 11 декември)

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини, на кои делува Центар за јавно здравје Охрид.

За период од 05 до 11 декември 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 219 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје

Од вкупно земените материјали, 99 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 120 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 427 лица и тоа кај 229 лица од општина Охрид, кај 146 лица од општина Струга и кај 52 лица од општина Дебар.

Во овој период оздравени се 221 лица од Охрид, 176 лице од Струга и 26 лица од Дебар.

Во овој период починати се 8 лица од Охрид, 12 лица од општина Струга и 1 лице од Дебар.

Активни случаи на 04.12.2020 г. во Охрид се 576, во Струга 462, а во Дебар 157.

 

Од почетокот на епидемијата до 11 декември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 4270 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1986 лица во општина Охрид и Дебрца, 1741 лица во општина Струга и Вевчани и 543 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 1399, од Струга се 1216, а од Дебар и Центар Жупа се 370 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 66 починати пациенти, од општина Струга се починати 109, а од Дебар и Центар Жупа се починати 22 лица

  

Дозволете да нагласиме дека во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

 

– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– БРОЈОТ НА КОНТАКТИ ДА СЕ СВЕДЕ НА МИНИМУМ

Бидете одговорни!