Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 5 до 11 септември)

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.

За период од 05 до 11 септември 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 90 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје

Од вкупно земените материјали, 29 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 61 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 67 лица и тоа кај 32 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар.

Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29.

Во овој период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и 1 лице од Дебар.

Во овој период починати се 8 лица и тоа 4 од општина Охрид, 3 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.

Од почетокот на епидемијата до 11 септември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1268 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 386 лица во општина Охрид и Дебрца, 615 лице во општина Струга и Вевчани и 267 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 314, од Струга се 508, а од Дебар и Центар Жупа се 220 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 15 починати пациенти, од општина Струга се починати 52, а од Дебар и Центар Жупа се починати 13 лица

Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Бидете одговорни…Уживајте во летото, безбедно…МОЖНО Е!