Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 8 до 14 август)

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.

За период од 08 до 14 август 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 240 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Од вкупно земените материјали, 181 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 59 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, кај 31 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар.

Активни случаи во Охрид се 78, во Струга 169, а во Дебар 65.

Во овој период оздравени се 18 лица од Охрид, 51 лица од Струга и 68 лица од Дебар

Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 1 лице од општина Дебар.

Од почетокот на епидемијата до 14 август 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1032 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 305 лица во општина Охрид и Дебрца, 503 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 223, од Струга се 304, а од Дебар и Центар Жупа се 150 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 9 починати пациенти, од општина Струга се починати 44, а од Дебар и Центар Жупа се починати 7 лица

Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Бидете одговорни…Уживајте во летото, безбедно…МОЖНО Е!