25/04/2024
Охрид

Центарот за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција за станоиздавачите

Во рамки на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на претстојната туристичка сезона, Центар за јавно здравје Охрид ги потсетува и повикува сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014 и 150/2015).

Центар за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција за станоиздавачите и ќе биде подготвен секој работен ден и во сабота со своите мобилни екипи, потребната опрема и средства да одговори на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите) за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања.

За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид или на телефоните 046 231881 и 070 723029.