19/04/2024
Охрид

Центарот за јавно здравје Охрид се приклучува во одбележувањето на Светскиот ден на водата

Центарот за јавно здравје Охрид се приклучува на глобалната кампања и одбележување на 22 март, Светскиот ден на водата со истакнување на дел од проблемите и насоките и препораките за дејствување со цел надминување на истите.

Кој и да сте, каде и да сте, водата е ваше човечко право и „НЕ ОСТАВАЈТЕ НИКОГО ПОЗАДИ СЕБЕ“ се главните пораки на Светскиот ден на вода, 22 март, преку кои се истакнуваат напорите и тежнеењето да се обезбеди пристап и одржливо управување со водите за сите, што подразбира никој да не се остава позади себе.

Во што е проблемот?

Денес, милијарди луѓе живеат без питка вода – во своите домаќинства, училиштата, на работните места, на фармите и фабриките се борат да преживеат и напредуваат. Маргиналзираните групи – жени, деца, мигранти, бегалци, автохтони народи, лица со инвалидитет и многу други, често се запоставени, а понекогаш и соочени со дискриминација, додека се обидуваат да пристапат и управуваат со безбедна вода која им е потребна.

Што значи „безбедна вода“?

„Безбедна вода“ е кратенка за „безбедно управување со питка вода која е достапна на располагање кога е потребно и без загадување.

Зошто е важно?

Кој и да си, каде и да си, водата е твоето човечко право. Достапност на питка вода го унапредува јавното здравје што е суштинско за одржлив развој и стабилен и просперитетен свет. Не е можо да се напредува како глобално општество седодека многу луѓе живеат без питка вода.

Што е човечко право на вода?

Во 2010 година Обединетите нации (ОН) го востановија „правото на безбедна и чиста вода за пиење и санитација, како човечко право кое е од суштинско значење за целосно уживање на животот. Право на вода дава право на секој, без дискриминација, на доволно количество на вода, безбедна, прифатлива, физички достапна и пристапна вода за лична и домашна употреба, што вклучува вода за пиење, лична хигиена, перење облека, поодготовка на храна и хигиена на домаќинството.

Зошто луѓето се „оставени позади“?

Луѓето остануваат без чиста вода заради повеќе причини. Наведуваме само некои од „причините за дискриминација“ кои доведуваат одреден број на луѓе бидат во особено неповолна положба кога станува збор за пристап до вода:

пол

раса, етничка припадност, вероисповест, каста, јазик и националност

инвалидитет, старост и здравствена состојба

имотна состојба, економски и социјален статус

Други фактори, како што се деградација на животната средина, климатски промени, порастот на населението, конфликти, присилно раселување и миграциски текови можат исто така несразмерно да влијаат на маргинализираните групи со влијанието на водата.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ?

За да не „оставиме никого позади себе“, мораме да ги насочиме нашите напори кон вклучување на луѓето кои се маргинализирани или игнорирани. Службите кои се задолжени за водоснабдување мораат да ги задоволат потребите на маргинализираните групи и нивниот глас мора да се слушне во процесите на донесување одлуки. Регулаторни и правни рамки мораат да осигураат право на вода за сите луѓе, како и доволно средства кои мораат да бидат правично и ефикасно насочени кон оние на кои им се најпотребни.

Центар за јавно здравје Охрид останува отворен и на располагање за вашите потреби од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода од секаков вид: вода за пиење, изворска и минерална вода, подземна вода, површинска вода, вода за капење и рекреација (базени, капалишта, хидромасажни кади), отпадна вода, вода од разладни системи, вода за наводнување или вода од непознато потекло, како и за информации со квалитетот на водата на територијата на општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

*текстот е преземен и адаптиран од интернет страната на ОН https://www.worldwaterday.org/resources/