28/03/2024
Македонија

Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка

Централниот регистар ги известува правните субјекти дека, согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради  заштита и превенција од вирусот covid-19, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки.

Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03.2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и корисниците, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

Повеќе информации за поднесување на годишна сметка


WebOhrid / 16.02.2022 / Централен регистар на Република Северна Македонија