28/03/2024
Македонија

Централна изборна комисија: Зоран Заев е избран за претседател на СДСМ со над 59.000 гласови

Прес- конференција на Централната Изборна Комисија на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во името на Централната изборна комисија, сакам да информирам за изборниот процес и гласањето за време на првите непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.

Целиот изборен процес е регуларно и успешно завршен. Изборниот денот помина во најдобар ред, без попречувања, согласно утврдените прописи.

СДСМ денеска спроведе транспарентен, демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарните одредби и одредбите од Правилникот.

На сите 237 избирачки места во сите 80 општини, во период од 08 часот до 19.00 часот.

Она што е многу важно, директните внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници, со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето.

Oд вкупно запишани во избирачкиот список 68.990 активно регистрирани членови, денес до 19.00 часот излезноста на првите непосредни внатрепартиски избори беше 90%

Согласно првичните резултати од 237 избирачки места пристигнаа резултати за 227 избирачки места и од досега пребројаните гласачки ливчиња за кандидатот Зоран Заев гласале 59.240 гласачи, 865 против и има вкупно 277 неважечки ливчиња.

Согласно бројот, односно процентот на преброени гласови, имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите, на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев.

Честитки од мое и од името на Централната изборна комисија.

Им благодарам на сите членови кои денеска гласаа, на сите членови на Избирачки одбори, како и на Општинските изборни комисии.

Денеска поставивме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси.

Благодарам, повелете доколку има прашања за изборниот процес