29/03/2024
Охрид

Честитка на градоначалникот Георгиески за Денот на сесловенските просветители

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Северна Македонија   по повод 24 мај -Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

– Светите Кирил и Методиј борејќи се  за признавање на словенското писмо и јазик, го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик.  Нивното историски и културолошки значајно дело претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености.Со своето творештво  даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување.Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес преку писменоста  обединува многу народи.

Нека е вечно  името на  светите браќа, а делото нивно да го зачуваме од заборав. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители и да го славиме уште многу години.