24/04/2024
Охрид

Честитка на градоначалникот Пецаков до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница.

„Со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големиот празник Свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител. Ваквите празнични денови се можност да испратиме силни пораки за поголема почит и соработка. Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем напредок на Охрид и на нашата држава. Посакувам верата во Бога и човекољубието да бидат водилка за идните генерации, во насока на градење на поголемо заедништво и меѓусебно разбирање,“ – се вели во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков упатена до припадниците на српската заедница.


WebOhrid / 27.01.2022 / Општина Охрид