29/03/2024
Охрид

Честитка од д-р Кирил Пецаков за 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков упатува искрени честитки по повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

„Република Македонија денеска одбележува 30 години самостојност и независност по спроведениот референдум на 8 септември 1991 година.

Цврсто сум убеден и верувам дека токму денеска сите заедно Република Македонија ја чувствуваме како своја татковина без разлика дали сме Македонци, Турци, Срби, Албанци, Роми, Власи, Еѓипќани, Бошњаци, Евреи и сите останати сограѓани.

Сега е вистинското време за промени на подобро и да покажеме со дела и работа колкава е љубовта кон нашата Македонија и нашиот Охрид.

Време е за Македонија за сите луѓе и време е за подобар Охрид.

Нека е вечен споменот на сите македонски родољупци!

Честит и вековит 8 Септември – Денот на независнота на Македонија!

Среќен роденден Татковино!“ – стои во честитката од д-р Кирил Пецаков.