20/04/2024
Македонија

Честитка од генералниот секретар на СДСМ, Николовски за Денот на народното востание

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.

„Почитувани граѓани, во свое и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви го честитам 11 октомври – Денот на народното востание.

На овој ден, во 1941 година нашите славни предци ја поведоа сенародната битка за слобода, за еднаквост и правда. Подоцна, преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност.

11 октомври е симбол за стремежот на нашиот народ кон слобода, едваквост и правда.

Денес, ги живееме овие вредности во слободна, демократска, европска држава, членка на најмоќниот воен сојуз во светот – НАТО. И она што е најважно, имаме призната држава од целиот свет.

За Македонците, особено е важно тоа што го обезбедивме македонскиот идентитет и македонскиот јазик, впишан во личната карта во ОН, признаен од светот.

Аманетот на нашите предци го исполнивме. Создадовме македонска држава на еднакви граѓани, признаена од целиот свет, со сигурна и стабилна иднина.

Денес, граѓани од сите националности, сплотено и посветено даваат свој придонес во градењето едно општество за сите, држава партнер на демократскиот свет.

Тоа е патот по кој ќе продолжиме. Патот на вистинскиот патриотизам кој носи подобар живот за сите граѓани. Патот на ред, правда и дисциплина! Патот на слободата, демократијата и европските вредности.

Заедно со граѓаните СДСМ продолжува да ги реализира стратешките интереси за развој, напредок и целосна интеграција на нашата држава во големото европско семејство – ЕУ.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро по вистинскиот пат“.