23/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Градоначалникот Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница кои живеат во Охрид и Република Северна Македонија.

– Ви  го честитам големиот православен празник Свети Сава и ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет, духовен мир и општа благосостојба. Одбележувањето на ваквите големи празници нека бидат мост за градење доверба и меѓусебно почитување, уважување  и развој на вкупните општествени односи. Воедно, Ви изразувам искрена благодарност за вашиот постојан придонес во градењето на соживот и просперитет на нашиот древен Охрид. Со ваквите чествувања им даваме пример на идните генерации како треба да ја почитуваат традицијата и универзалните вредности – се вели  во честитката на градоначалникот Константин Георегиески упатена до припадниците на српската заедница.