23/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.

– Денес се заокружуваат 30 години, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независноста на нашата Татковина. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмислено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж за подобра Македонија. Денес Република Северна Македонија е етаблирана како стабилна држава, со постојано надградување на демократските капацитети, а уверен сум дека граѓаните на Охрид како столб на македонската историја и култура, ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот  – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.