20/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод Денот на Власите

Градоначалникот Константин  Георгиески, по повод 23 мај, Националниот ден на Власите,  упати  честитка до припадниците на влашката заедница во Општина Охрид.

„Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 23 мај – Националниот ден на Власите и да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Влашкиот народ како посебен етнички, јазичен и културен субјект е од особено значење за Влашката заедница, но и за целата македонска држава.

Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на  Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од влашката заедница“, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.